недела, 14 јули 2024

Јаревски: Непродуктивни трошења и сомнителни ставки во предложениот буџет за 2024

Денес е трет ден од расправата по предлог-буџетот за 2024та година. Овој предлог-буџет повторно носи голем буџетски дефицит, големи непродуктивни трошења и сомнителни ставки кои имаат за цел испумпување на пари од државата. Добра вест е што за последен пат дуото СДС и ДУИ ќе има можност да поднесе Буџет и да ги управува парите на даночните обврзници, изјави Тони Јаревски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Буџетот за следната година ќе изнесува 5,5 милијарди евра, од кои нешто над 5 милијарди евра се од даноци и придонеси кои ги плаќаме сите, а разликата од 500 милиони евра претставуваат пари што државата ги нема и власта повторно ќе не задолжи. 

Во овој момент јавниот долг е повеќе од 8 милијарди евра, а со новите кредити кои се земаат секојдневно прашање на време е кога јавниот долг ќе надмине 9 милијарди евра. За потсетување на јавноста, кога СДС дојде на власт јавниот долг беше само 4,7 милијарди евра. Тоа значи дека за 6,5 години јавниот долг е зголемен за 4 милијарди евра т.е. во просек по над 600 милиони евра годишно нови задолжувања. За камати државата плаќа како никогаш до сега и тие ни јадат по една автопатска делница годишно. За камати во 2024та година ќе се дадат 270 милиони евра. До пред само неколку години овој износ беше двојно помалку, под 130 милиони евра. 

Ова е само дел од податоците за финансиската состојба во која се наоѓа државата. 

Во секојдневието се случуваат протести на сите категории на граѓани, студенти, пензионери, администрација, приватен сектор, медицински лица, наставен кадар итн. Се повеќе граѓани осиромашуваат, а речиси 95% имаат понизок животен стандард од пред неколку години. Состојбите се алармантни и токму затоа граѓаните својот спас го гледаат во иселување. Не функционира здравството, образованието, нема безбедност и сигурност, нема правда, има огромна распространета корупција, има сива економија која секојдневно се зголемува. 

Република Македонија е во криза, нефункционалноста на системот е евидентна и тоа мора час поскоро да заврши. Потребно е да се издржи овој предизборен период, по што граѓаните ќе го пратат криминалното дуо СДС и ДУИ во историјата како најлоша власт.  Важно е да имаме обнова на Македонија“, рече Јаревски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ