среда, 23 октомври 2024
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Јаревски: Маргиналци се СДС и малиот Заев – Филипче и жалат што сега Македонија не е со свиткан `рбет

„СДС и малиот Заев, Венко Филипче жалат што Македонија нема повеќе свиткана кичма во НАТО. Маргиналци беа СДС со нивните две средби и две штури соопштенија наспроти остварените повеќе од 20 средби и разговори со државници од НАТО алијансата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференцијата на Тони Јаревски, на утринското соопштение на СДСМ со кое беше оценето деа

Објавено на

часот

Сподели

„Фуриозна и динамична беше агендата на претседателот Мицкоски, поздравена и поддржана од сите. Очигледно е дека СДС и малиот Заев имаат сериозен проблем со термините. Патем за пет дена две големи важни економски одлуки, нова инвестиција од 35 милиони евра на компанијата Вабтек и нови повеќе од 100 работни места. Обезбедена специјална економска соработка и 500 милиони евра за поддршка на македонскиот бизнис и инфраструктурниот развој на државата“, рече Јаревски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде:

„Поминаа времињата кога патувањата на Заев и неврохирургот на Заеви беа лични цели да отвораат фирми, возат мотори и да ја распродаваат Македонија. Нека се привикнува СДС на тоа што значи одговорна Влада и одговорно однесување кон народот и гласачите. Доаѓа време за нивна одговорност, тогаш ќе сфатат дека и 180.000 гласови им се премногу“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ