четврток, 24 октомври 2024

Јапонија протестира против руска забрана за влез на 13 бизнисмени

Владата на Јапонија испрати денес протест до Русија поради забрана за влез за 13 јапонски државјани, повеќето истакнати бизнисмени вклучувајќи го извршниот директор на компанијата Тојота, како одговор на санкциите воведени против Москва поради војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главниот секретар на владата на Јапонија Јошимаса Хајаши кажа дека таквата забрана „ги ограничува легитимните активности на јапонските компании во Русија и дека е апсолутно неприфатлива“.

Хајаши потврди дека неговата влада вложила протест до Русија.

Руското министерство за надворешни работи најави вчера дека трајно ќе забрани влез во земјата за 13 Јапонци, вклучувајќи го извршниот директор на Тојота Акио Тојода и генералниот директор на Ракутен групата Хироши Микитани, како и претседаѕелот на Јапонската агенција за меѓународна соработка Акихико Танака.

Не е наведено како е извршен изборот на лица на кои им е забранет влез.

Јапонија тесно соработува со Групата седум индустриски најразвиени западни земји околу спроведувањето на санкциите против Русија.

Токио веќе се соочи со низа руски противмерки, вклучувајќи суспензија на билатералните преговори за мировен договор, кој вклучуваше преговори за спорните Курилски Острови.

Москва најави и забрана за влез за стотици јапонски пратеници и други претставници на власта, вклучувајќи го премиерот Фумио Кишида.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ