петок, 18 октомври 2024

Јапонија ќе почне да испушта радиоактивна вода во Тихи Океан; Кина: Океанот не е ваша канализација

Објавено на

часот

Сподели

Додаваат дека јапонскиот план е безбеден и во согласност со сличните испуштања кои ги спроведуваат земји низ целиот свет. Кинеската влада и јужнокорејските риболовни здруженија се меѓу оние кои се против планот кој Јапонија сака да го спроведе ова лето.

„Океанот е општо добро на човештвото, а не јапонска приватна канализација“, порача портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Денес шефот на ИАЕА Рафаел Гроси лично му го предаде завршниот извештај кој го поддржува планот на премиерот Фумио Кишида во Токио.

Земјотресот и цунамито го прекинаа напојувањето со струја во нуклеарната централа во Фукушима на 11 март 2011 година. Откако струјата беше вратена неколку дена подоцна, Јапонија пумпаше вода за да ги олади јадрата на реакторите. Таа вода, како и некои подземни води на локацијата, се контаминирани со радијација.

Јапонија ја чува водата во повеќе од 1.000 резервоари на тоа место и му снемува простор за складирање. Според планот за одложување, операторот на централата Токио електрик пауер прво планира да ја намали концентрацијата на речиси сите радиоактивни материи во отпадните води во рамки на безбедносните стандарди, со исклучок на трициумот, изотоп на водородот.

За концентрацијата на трициумот да се намали на безбедно ниво, водата потоа ќе се разреди со морска вода. Целта е да се испуштат повеќе од 1,3 милиони тони вода во текот на три децении во Тихи Океан. Противниците тврдат дека на Јапонија не може да ѝ се верува дека безбедно ќе го изврши испуштањето и дека океанот не е соодветно место за испуштање радиоактивна вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ