четврток, 24 октомври 2024

Јапонија, Јужна Кореја и САД потпишаа одбранбен меморандум поради заканите од Северна Кореја

Јапонија, Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави потпишаа меморандум за одбранбени односи среде нуклеарните закани на Северна Кореја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова нашата соработка стана поцврста и нема да попушти ни пред изменетите меѓународни околности“, кажа јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара.

По денешната средба со американскиот и јужнокорејскиот колега Лојд Остин и Шин Вон Сик во Токио, Кихара соопшти дека договорите во рамки на меморандумот стапиле на сила и дека со нив е предвидена размена на информации за севернокорејските ракети и други безбедносни предизвици во регионот.

Во официјалното соопштение на Токио се наведува дека тројцата министри изразиле сериозна загриженост „поради растечката воена и економска соработка на Пјонгјанг и Москва, истовремено обврзувајќи се дека ќе ги одвратат нуклеарните и ракетни закани на Северна Кореја“.

Претходно министрите за одбрана на трите земји на состанокот во Токио разговарале за понатамошно јакнење на своите сили под команда и контрола на американските сили и јакнење на производството на ракети по американска лиценца во Јапонија.

Следната трилатерална средба ќе биде одржана во Јужна Кореја во 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ