Според неа, образовниот систем може да се пофали и со добро опремени училишни објекти и реформирани наставни програми со поголема застапеност на практичната обука, за сметка на теоретската настава.
„По интензивна децениска заложба на државата за враќање на квалитетот и вредноста на средните стручни училишта и за повторно афирмирање на неформалниот систем на обука, денеска можеме да кажеме дека имаме модерен и атрактивен систем на стручно образование и обука, рече денеска министерката за образование и наука“, рече Весна Јаневска.
Министерката истакна дека концептот на дуално образование функционира со повеќе од 550 компании.
„Воспоставен е концепт на дуално образование со вклученост во наставата на над 550 компании, развиен е систем на стипендирање ученици кои одбираат стручно образование со преку 1 500 стипендии на годишно ниво, а формирани се и три регионални центри за стручно образование и обука, два во развој и три нови што допрва ќе ги етаблираме во преостанатите плански региони“, потенцира министерката.
Според министерката Јаневска, ова се поважните остварени резултати од проектот поддржан од ЕУ.
Според Јаневска, иако проектот завршува, соработката со експертите ќе продолжи.
„ Имаме уште обврски за кои очекуваме помош, како оние од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, каде јасно е потенцирана важноста на образованието“, истакна Јаневска.
Таа потсети дека во моментов се надградува законската регулатива која го уредува средното, стручно образование и обуката, како и образованието на возрасните. Од голема важност е, подвлече, низ инклузивен процес да се формулираме новата правна рамка, за практична спроводливост и висока ефективност.
На настанот, покрај експертите од проектот, присуствуваат и претставници од образовниот сектор. Проектот се реализираше 36 месеци.