сабота, 20 јули 2024
Шест години по „крвавиот четврток“

Јане Ченто излезе од затвор на слободен викенд

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави порталот Котлина.мк Ченто бил дочекан од своите пријатели во Прилеп.

Правото на викенд го искористи и Вилијам Михајловски кој исто така е осуден на казна затвор за овој случај.

На фејсбук профилот на Михајловски може да се забележи како роднини и пријатели објавуваат фотографии со него направени по неговото излегување од затвор.

Пред еден месец, Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје 2021 година за предметот „27 април“.

Ова значи дека осудените, меѓу кои е и Јане Ченто остануваат во затвор на доиздржување на досудената казна. 

Првично, Основниот кривичен суд Скопје го осуди Јане Ченто на 15 години казна затвор но скопскиот Апелациски суд му ја намали казната на 13 години затвор. Заедно со уште 14 други, Ченто е осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Минатата година после 4,5 години во затвор слободен викнед доби Игор Југ кој исто така е осуден за тероризам и треба да одлежи 11 години затвор.

Во четвртокот, 30 мај од затвор излезе Абдуљфета Алими. Алими е познат по тоа што тврдеше дека тој, како вработен во обезедувањето на Собранието, го спасил од смрт Зијадин Села, тогашниот лидер на Алијанса за Албанците и пратеник. Села бараше слобода за Алими, но обвинителството, а потоа и судот, утврдија дека и тој учествувал во терористичко загрозување на уставниот поредок затоа што тој бил човекот кој што му ги дал клучевите од собраниската врата на тогашниот пратеник Крсто Мукоски по што тој, ја отвори вратата, а толпата влезе во Собранието.

Претходно, на 27 април годинава на шестгодишнината од упадот во Собранието, група граѓани со протест побараа слобода за осудените за овие настани. 

Собраниското мнозинство во март годинава не го прифати предлогот по скратена постапка да се донесе предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017. Предлогот беше поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски. 40 пратеници беа за предлогот, 58 гласаа против, а еден беше воздржан.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ