понеделник, 22 јули 2024

Јанчев: Во Кавадарци се гради како никогаш досега

Објавено на

часот

Сподели

„Спортска сала во село Возарци, со корисна површина од 400 метри квадратни, инвестиција од 22.000.000 денари. Комплетна атмосферска и канализациска мрежа во село Возарци како и асфалтирање, инвестиција од 23.000.000 денари. Спортска сала во село Сопот, со корисна површина од 400 метри квадратни, инвестиција од 22.000.000 денари. Спортска сала во село Марена, во завршна фаза, со корисна површина од 400 метри квадратни, инвестиција од 22.000.000 денари“, соопштија од кабинетот на Јанчев.

к

Притоа се додава дека се доградува кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци, инвестиција од 45.000.000 денари, а планирана е и спортска сала во село Дреново, како и канцеларија за месната заедница, инвестиција од 35.000.000 денари. Регионалниот стационар за бездомни миленици е во завршна фаза, заедничка инвестиција на општините од Вардарски плански регион.

к

„За овие седум проекти инвестицијата изнесува вкупно 230.000.000 денари или 3,7 милиони евра. Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев, не застануваат тука. Наскоро следуваат уште поголеми проекти. Преродбата на Општина Кавадарци продолжува“, подвлекоа од кабинетот на Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ