Во изјава за медиумите дадена пред седиштето на Општина Карпош, Јакимовски рече дека неговата намера за напуштање на ЗЕЛС не била сфатена сериозно.
„ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква врска со идеите и развојот на локалната самоуправа. Ова покажува дека Орце Ѓорѓиевски е обична фигура на чело на ЗЕЛС, а дека целата политика ја креира неговата партија и составот на Извршниот и Надзорниот одбор на ЗЕЛС се креирани од Христијан Мицкоски. Тоа се причини повеќе да укажеме дека или ќе го корегираат нивниот однос, или ќе го напуштиме ЗЕЛС“, рече Јакимовски.
Испрати порака до министрите дека мора да си ја вршат работата согласно закон без разлика дали им се допаѓа Општина Карпош или не.
Јакимовски и вчера најави дека ќе ја напушти ЗЕЛС посочувајќи дека дел од министрите во Владата треба да го корегираат својот однос кон нив како градоначалници.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски по најавите за излегување на Струмица и Карпош од ЗЕЛС вчера изјави дека се надева оти ќе надвладее разумот и градоначалниците на Струмица и Карпош ќе ја преиспитаат одлуката. Како што вчера изјави Ѓорѓиевски, одлука за напуштање на ЗЕЛС носи Советот на општината.
„ Вратата од ЗЕЛС е отворена за сите, секој проблем се решава, доколку има интерес и доколку не се крие нешто друго во позадина на овој процес. Стојам на располагање како и досега за сите мои колеги. Верувам дека разумно ќе постапат и верувам дека можеби ова е моментален начин на кој можеби сакаат и медиумски да добијат поголема достапност за одредени теми и поголема драма да направат, но длабоко сум уверен дека ќе размислат во интерес на граѓаните“, рече Ѓорѓиевски.
Од Општина Струмица вчера официјално соопштија дека се откажуваат од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов кажа дека ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС, како што информираа, е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, соопштија од локалната самоуправа откако претходно ваквата одлука ја најави градоначалникот Костадин Костадинов.
Градоначалници не инвестирале доволно во филтер станицата говори за нивното работење во минатото. Не е одговорноста на Владата, одговорноста е на локалната самоуправа“, рече Трипуновски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната дебата во Владата посветена на земјоделството, локалната самоуправа и животната средина.