Дарко Чурлинов беше стартер за Јагелонија, но излезе од игра во 61. минута од натпреварот. Две минути претходно гостите останаа со фудбалер помалку.
До крајот на мечот Јагелонија даде три гола и го доби натпреварот со убедливи 3-0.
Бобан Николов беше стартер на мечот на Борац Бања Лука против Рапид, во игра беше до 59. минута, тогаш неговиот тим имаше негатива од 1-0.
Босанскиот тим изедначи со погодок од пенал во 92. минута.
На клупата остана нашиот голман Дамјан Шишковски.