четврток, 24 октомври 2024
ОЈО Тетово

Ја следел после работа и ја силувал поранешната девојка, се бара притвор

Тетовското обвинителство отвори истрага против 30-годишник поради силување. Во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, тетовецот нападнал жена со која до неодамна бил во врска.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја влече на сила. Спротивно на нејзината јасно изразена волја и со закана дека непосредно ќе нападне врз животот на оштетената, тој ја принудил на сексуални односи“, велат од обвинителството.

Бидејќи се исполнети законските основи лалп  опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ