петок, 18 октомври 2024

Извозот на норвешки гас достигна рекорд во декември, но е намален за 6,7% во 2023 година

Норвешкиот извоз на природен гас низ цевководите во Европа падна за 6,7 отсто во 2023 година поради работи на одржувањето, но достигна рекордно ниво во декември, објави денеска операторот на гасоводот Гаско. Гаско минатата година испорача 109,1 милијарди кубни метри гас во Европа преку цевководна мрежа од 8.800 километри, открил Ројтерс. Во 2022 година испорачале 116,9 милијарди кубни метри.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Податоците за 2023 година досега не ѝ беа познати на јавноста, забележува Ројтерс. Во декември испораките достигнаа нов месечен рекорд од 11,1 милијарди кубни метри, со стабилно производство, достапност на преработувачките капацитети и стабилна побарувачка.

„Декември беше фантастичен за производство на норвешкиот епиконтинентален појас“, изјави за Ројтерс Алфред Скаар Хансен, потпретседател на Гаско за операции на системот. Епиконтиненталниот појас ги опфаќа морското дно и подземјето надвор од територијалното море.

Во 2022 година Норвешка ја претекна Русија и стана главен снабдувач на гас во Европа. Гаско најави пообемни работи за одржување во 2023 година, кои една година порано беа одложени за да се обезбеди максимално искористување на капацитетот на мрежата и извозните терминали.

Во такви услови, снабдувањето со гасоводи за Европа падна за 6,4 отсто во периодот од јануари до август, а во септември производството падна на најниско ниво во последните четири години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ