Попладнево во Нион, на полуделигирана ждрепка, беа одредени полуфиналните пресметки од плеј-офот кој ќе ги даде последните три учесници на ЕВРО 2024.
Македонија може да жали за лошиот настап во Лигата на нации, каде Грузија заврши прва во нашата група и сега ќе игра против Луксембург во полуфиналето во плеј-офот во Лигата Ц.
Победникот од овој дуел ќе биде домаќин на финалето, а ќе се сретне со подобриот од пресметката помеѓу Грција и Казахстан.
Во Лига Б, Босна ќе се сретне со Украина, а Изреал ќе ги одмери силите со Исланд.
Во Лига А, Полска ќе има пресметка со Естонија, додека пак Велс за противник ја доби Финска.
Натпреварите од плеј-офот ќе бидат на програмата во март месец следната година.