среда, 11 декември 2024

Иран: Налогот за апсење на Нетанјаху е политичка смрт на ционистичкиот израелски режим

Лидерот на иранските Чувари на револуцијата оцени дека налозите за апсење кои ги издаде Меѓународниот кривичен суд (МКС) против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант значат „политичка смрт“ за Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа значи политичка смрт на ционистичкиот режим, режимот кој денес живее во апсолутна политичка изолација во светот и чии функционери повеќе не можат да патуваат во други земји“, кажа генералот Хоесин Салами, лидерот на Чуварите на револуцијата, идеолошката војска на Иран, во говор кој го објави државната телевизија.

Во првата официјална реакција на Иран, Салами оцени дека налозите за апсење на МКС се „добредојдена мерка“ и „голема победа за палестинските и либанските движења на отпорот“, односно Хамас и Хезболах, кои ги поддржува Иран.

Израел ја критикуваше одлуката на МКС.

Налозите за апсење се издадени поради „злосторства против човештвото и воени злосторства извршени од 8 октомври 2023 до 20 мај 2024“, соопшти судот.

Одлуката на МКС му го ограничува движењето на Нетанјаху бидејќи која било држава од 124 членки на Меѓународниот кривичен суд мора да го уапси на своја територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ