недела, 20 октомври 2024

Израелските војници убија двајца Палестинци што се враќале на северот на Газа

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот на АП ги видел двата трупа и ранетите кога биле пренесени во болница во градот Деир ал-Балах во јужниот дел на Газа. Ранетите биле застрелани во нозете.

Палестинците биле убиени и ранети неколку часа откако израелската армија ги предупреди стотиците илјади раселени луѓе, кои се засолниле на југот, да не се обидуваат да се вратат во северниот дел на територијата, каде што е фокусирана израелската копнена офанзива.

Армијата фрлаше летоци на јужниот дел на Газа со предупредување дека враќањето на север е забрането и опасно.

Откако утрово стапи во сила четиридневниот прекин на огнот, стотици Палестинци се обидоа да се упатат кон север.

Очевидци изјавија дека израелските војници пукале во нив.

Од првите денови на војната предизвикана од нападите на Хамас врз јужен Израел пред седум недели, стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови на северот по наредба на израелската армија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ