вторник, 22 октомври 2024

Израелски министер: Американскиот народ е наше семејство, а секое семејство има несогласувања

Израел и САД остануваат обединети и покрај несогласувањата, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во Вашингтон каде што разговараше со својот американски колега Лојд Остин и други членови на американската администрација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Осврнувајќи се на критиките за американската испорака на оружје од премиерот Бенјамин Нетанјаху, Галант рече: „Во секое семејство, а ние го сметаме американскиот народ за наше семејство, може да има несогласувања. Сепак, како и сите семејства, за нашите недоразбирања разговараме во домот и остануваме обединети“.

Нетанјаху постојано употребува остри зборови за да ги критикува САД за наводно задржување на испораката на оружје, обвинувајќи дека има „драматичен пад на испораката на оружје за Израел од САД“.

Бени Ганц, до неодамна министер во израелскиот воен кабинет, му ја понуди својата поддршка на Галант, во изјава објавена во средата, велејќи дека тие решиле многу прашања со израелските пријатели зад затворени врати во последните месеци, вклучувајќи го и прашањето за муницијата.

„Непотребниот конфликт што премиерот го создава од политички причини може да му донесе неколку поени кај неговите поддржувачи, но да им наштети на стратешките односи со САД, што е составен дел од нашата способност да ја добиеме војната“, рече Ганц.

САД задржаа одредени испораки за Израел во обид да го принудат на умерена офанзива околу Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ