сабота, 19 октомври 2024

Израелски авиони над Газа испуштале летоци со фотографија на убиениот шеф на Хамас

Израелски авиони фрлале денес над јужниот дел на Појасот Газа летоци со фотографија на убиениот Јахја Синвар, лидерот на Хамас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На летоците имало и порака дека „Хамас повеќе нема да владее со Газа“, зборови кои ги користи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Кој и да го фрли оружјето и ги предаде заложниците, ќе му биде дозволено да замине и да живее во мир“, се тврди во летокот, напишан на арапски, според жителите на јужниот град Кан Јунис.

Синвар беше убиен во средата во Газа. Израелците тврдат дека мета на нападот биле тројца милитанти и дека не занеле дека со нив е Синвар.

Синвар е главниот архитект на упадот на Хамас во Израел на 7 октомври 2003, кој ја почна крвавата воена кампања на израелските сили во Газа. Беше именуван за лидер на Хамас по атентатот на дотогашниот лидер Исмаил Ханија во Техеран во август. Не беше виден во јавноста од октомври минатата година и се претпоставуваше дека се наоѓа во големата мрежа тунели на Хамас под Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ