среда, 23 октомври 2024

ИДФ: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

Израелските сили (ИДФ) пронашле тела на петмината убиени во нападот на Хамас на 7 октомври, а кои оттогаш се држени во Газа, соопшти израелската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Телата на извлечените жртви им припаѓаат на четворица војници и на 56-годишна воспитувачка во градинка, убиени по нападот на кибуц Нир Оз, кој се најде на мета на смртоносниот поход на Хамас во јужен Израел, што беше поттик за разорната војна во Газа.

Нивните тела беа извлечени од областа Кан Јунис во јужна Газа, каде израелските сили започнаа нови рации оваа недела.

Пронајдените заложници припаѓаат на група од 120 луѓе кои сè уште се држат во заробеништво во Газа. Третина од нив се прогласени за мртви во отсуство од страна на Израел, врз основа на форензички наоди, разузнавачки информации, испрашувања на заробени милитанти, видео снимки и сведочења на ослободените заложници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето пред американскиот Конгрес рече дека неговата влада е вклучена во интензивни напори за ослободување на преостанатите заложници. Тој е убеден дека овие напори ќе бидат успешни.

Израелска делегација следната недела, со посредство на САД, Египет и Катар ќе учествува во преговори за обезбедување прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјави израелски претставник.

Хамас сака договор за прекин на огнот за да се стави крај на војната во Газа. Но, Нетанјаху вели дека војната не може да заврши пред Хамас да биде поразен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ