петок, 18 октомври 2024

Израелска амбасадорка во Британија е против создавање палестинска држава

Амбасадорката на Израел во Лондон Ципи Хотовели денеска остро ја отфрли идејата за формирање палестинска држава. Во интервју за британскиот Скај њуз, на прашањето за предлогот за формирање палестинска држава, Хотовели одговори: „Апсолутно не“.

Објавено на

часот

Сподели

„Израел денес ја знае, а светот досега требаше да ја знае причината зошто мировните преговори во Осло пропаднаа – затоа што Палестинците никогаш не сакаа да имаат држава покрај Израел“, рече таа.

„Тие сакаат земја од реката до морето“, рече Хотовели, мислејќи на реката Јордан и Средоземното Море.

Повикот „од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ („From the river to the sea, Palestine will be free“), често извикуван на протестите за поддршка на Палестина, е предмет на контроверзии бидејќи некои веруваат дека повикува на бришење на Израел и геноцид, додека други го гледаат како повик за почитување на правата на Палестинците на таа територија.

„Зошто сте опседнати со таа формула ‘решение со две држави’ што ги создаде тие радикали од другата страна?“ праша Хотовели.

Запрашан да ја коментира изјавата на амбасадорката, британскиот премиер Риши Сунак го изрази своето несогласување и повтори дека Лондон се залага за решение со две држави, пренесува Франс прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ