четврток, 28 ноември 2024

Израелците длабоко под земја се подготвуваат за одмаздата на Хезболах

Во Хаифа, на северот на Израел, длабоко под земја има огромна болница. Стотици кревети се наредени внатре во бетонските ѕидови на болницата. По ќошињата има наредени хируршки сали, породилно, медицински материјали, но сѐ уште нема пациенти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Медицинскиот центар Рамбам ја изгради оваа болница по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година. Болницата е во состојба на готовност по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година и израелската воена кампања во Газа што следеше. Институцијата располага со повеќе од 2.000 легла.

Во случај на голем напад врз Израел, таа ќе ги прими постоечките пациенти од копнениот медицински центар и другите блиски болници. Има и место за лекување на повредените. Додека се наѕира сеопфатна регионална војна по убиствата на политичкиот водач на Хамас, Исмаел Ханија и високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр минатата недела, лекарите овде велат дека се подготвени за голем напад врз Хаифа.

„Кога ќе се случи тоа? Никој не знае. Многу зборуваме за тоа“, вели д-р Ави Вајсман, медицинскиот директор на центарот. Докторот признава дека луѓето се загрижени, тој и неговиот персонал само се надеваат дека каква било ескалација на насилство нема да трае долго.

Недалеку од болницата има прекрасен поглед на градот и пристаништето. На морето, бродови и танкери се лизгаат по водата. Меѓутоа, близината на Хаифа со Либан и ракетите на Хезболах го прават градот ранлив. Луѓето кои живеат овде се навикнати на вежбање на секои неколку месеци. Училишните деца редовно практикуваат што да прават во случај на напад.

“Тоа е како темпирана бомба. Алармот може да се вклучи во секој момент. Дали ќе умрам? Дали ќе имам време да одам кај моето семејство?” се запрашува една девојка во интервју за Би-би-си.

Некои се помалку загрижени. Луаи точи капучино во неговото новоотворено кафуле и рече дека се навикнува на ситуацијата. „Луѓето се плашат, јас не се плашам“, рече тој.

Но, во градското собрание на Хаифа, градоначалникот признава дека не спие ноќе. Јоно Јахав го водеше градот и за време на војната пред 18 години. „Многу сум тажен поради тоа. Лидерите се грижат само за уништување, убивање и борба наместо да градат“, предупреди тој.

Хаифа е таканаречен мешан град, место каде што живеат значителен број израелски Арапи заедно со израелските Евреи. Јахав вели дека двете страни во градот се мирни, што го прави сегашниот конфликт уште поболен. Сепак, тој инсистира на тоа дека мирот е сè уште можен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ