петок, 18 октомври 2024

Израел усвои закон со кој се ограничува надлежноста на судиите, синдикатите најавуваат општ штрајк (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Овој потег е дел од поширокиот план на владејачката коалицијата околу премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја ограничи надлежноста на правосудството.

Стотици илјади Израелци во последните месеци излегоа на улиците тврдејќи дека ваквото законско решение претставува закана за економијата и безбедноста на земјата.

Опозицијата, која има 56 претставници, додека владејачката коалиција има 64, го напушти гласањето во знак на протест и не беше присутна кога се одлучуваше за ова.

Тоа ѝ овозможи на владата да го усвои законот со 64 гласа „за“ наспрема нула.

Арнон Бар Давид, претседател на најголемиот израелски синдикат Хистадрут, најави дека ќе се сретне со другите синдикални лидери за да ја разгледаат можноста за стапување во општ штрајк, како одговор на усвојувањето на контроверзниот закон.

Бар Давид кажа дека тој синдикат се обидел да посредува меѓу власта и опозицијата. Несогласувањата биле мали, но преговорите пропаднале поради политички хирови, додаде тој.

„Од овој момент натака, секој едностран напредок во реформата ќе има сериозни последици. Или реформата ќе напредува со широк консензус, или воопшто нема да напредува“, кажа тој.

Синдикалниот лидер кажа и дека ќе разговара со функционерите на Хистадрут за да прогласат „општ штрајк во стопанството“, како и дека „ќе го активира доколку биде потребно, додека не дојде до целосен прекин на работата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ