недела, 20 октомври 2024

Израел: Пристигна првата пратка американско оружје

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека првиот авион со американско оружје вчера пристигнал во воздухопловната база Неватим во јужен Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден му се јави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата, веднаш по нападот на Хамас, за да ја нагласи поддршката на неговата земја за Израел.

Во коментарите дадени во средата во Белата куќа, Бајден го осуди „чистото зло“ на напаѓачите на Хамас и потврди дека меѓу убиените во Израел има најмалку 14 американски државјани.

Бајден, исто така, рече дека ќе го повика Конгресот да одобри повеќе средства за Израел за да му помогне да ја брани својата територија и народ.

Тој вети дека неговата администрација нема да дозволи Израел да остане без муниција и ракети за својот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“, кој е дизајниран да пресретнува ракети во воздух пред да удрат на израелска територија.

„Ќе побарам од Конгресот да преземе итни мерки за финансирање на барањата за национална безбедност на нашите клучни партнери. Овде не се работи за партија или политика, се работи за безбедноста на нашиот свет, безбедноста на Соединетите Американски Држави“, рече тогаш Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ