петок, 18 октомври 2024

Израел од Американците набавува уште 25 невидливи борбени авиони Ф-35

Објавено на

часот

Сподели

Дополнителните 25 авиони ќе го доведат бројот на Ф-35 во израелските воздухопловни сили на 75, соопшти министерството, додавајќи дека договорот ќе биде финансиран преку пакетот одбранбена помош што Израел го добива од САД. Израел беше првата земја надвор од САД што го купи Ф-35. Во мај 2018 година, командантот на воздухопловните сили рече дека Израел е прв што го користел авионот во борба.

Ф-35 е познат и како „Џоинт страјк фајтер“, а во Израел по хебрејското име „Адир“ (Моќен). Локхид Мартин и производителот на мотори Прат и Витни се согласија да ги вклучат израелските одбранбени компании во производството на компоненти за авионите, додаде израелското министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ