четврток, 28 ноември 2024

Израел нареди нова евакуација по нападот на училиште во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, откако во воздушен напад врз засолниште во училиште на север загинаа најмалку 80 Палестинци, соопштија локалните здравствени власти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

ИДФ дополнително ги приспособи границите на хуманитарната зона одредена од Израел, исклучувајќи ја населбата Ал-Џала од зоната поради ракети истрелани од таа населба кон Израел.

Израелската војска објави дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал-Џала поради големиот број напади од тој кварт врз Израел и дека поради тоа, престојот во таа област стана опасен за палестинските цивили, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелската војска соопшти дека ја прилагодува хуманитарната зона врз основа на „прецизни разузнавачки информации што укажуваат дека Хамас инсталирал терористичка инфраструктура во областа“.

Според ИДФ, раното предупредување има за цел да ги ублажи цивилните жртви. Воен извор рече дека болниците во областа не треба да се евакуираат и дека војската им го соопштила тоа на палестинските здравствени службеници и претставници на меѓународната заедница.

Израелската армија соопшти дека во меѓувреме рано утринава ја нападнала локацијата во Кан Јунис која во саботата била искористена за лансирање на четири ракети врз населбата Кисуфим во северен Израел.

Војската соопшти дека нападнала и зграда во Кан Јунис што ја користела ракетната единица на Хамас, како и напад со беспилотно летало и уништила ќелија на оперативци на Хамас, идентификувани како излегуваат од тунел во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

ИДФ додаде дека во текот на изминатиот ден, израелски авиони нападнале повеќе од 30 други цели низ Појасот Газа, вклучувајќи згради што ги користат терористичките групи, противтенковски фрлачи и складишта за оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ