недела, 27 октомври 2024

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички напади

Израел ја предупреди Франција за потенцијални „терористички напади“ врз неговите спортисти и туристите од терористичките групи поддржани од Иран за време на Олимписките игри во Париз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Некои луѓе се обидуваат да му наштетат на овој радосен настан“, му напиша израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, на својот француски колега Стефан Сежурне.

„Во моментов имаме процени за потенцијални закани од ирански терористички групи и други терористички организации, кои имаат цел да извршат терористички напади врз членовите на израелската делегација и израелските туристи за време на Олимпијадата“, додаде Кац.

Франција воспостави обемен безбедносен систем за гарантирање на безбедноста за време на ОИ од 26 јули до 11 август.

Сите израелски спортисти што ќе учествуваат на Олимпијадата, која официјално почнува в петок, ќе имаат 24-часовно лично обезбедување од елитната француска полиција, како во олимпиското село, така и кога ќе го напуштаат кампусот.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах и францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот го отфрлија барањето на Палестина да му забрани на Израел да учествува на Олимпијадата поради војната во Газа.

Палестинскиот олимписки комитет повика да им се забрани на израелските спортисти да учествуваат на Олимпијадата, велејќи дека бомбардирањето во опколениот Појас Газа е прекршување на олимпиското примирје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ