недела, 20 октомври 2024

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето

Објавено на

часот

Сподели

Според израелската армија, три експлозивни направи биле активирани во близина на силите на две одделни локации во северниот дел на Појасот Газа, што е „прекршување на договорот за прекин на огнот“, пренесува Тајмс оф Израел.

Од армијата велат дека во еден од инцидентите било пукано и во војници, кои возвратиле.

„Во двата случаи, силите на ИДФ беа во рамките на договорените линии за прекин на огнот“, се додава.

Портпаролот на военото крило на Хамас изјави дека нивните борци одговориле на „јасното прекршување“ на примирјето од страна на ИДФ во северниот дел на Појасот Газа, што резултирало со судир, пренесоа израелските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ