четврток, 24 октомври 2024

Израел го ракетираше Бејрут (ВИДЕО)

Израел соопшти дека извршил напад на Бејрут, главниот град на Либан, и дека мета на нападот бил командант на Хезболах. Израелските власти го сметаат за одговорен за смртоносниот напад на окупираната Голанска висорамнина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле прецизен напад во Бејрут на командантот одговорен за убиство на деца во Маџадл Шамс и бројни други израелски цивили.

Соопштението на ИДФ беше објавено откако телевизијата Ал манар, под контрола на Хезболах, јави за гласна експлозија во јужно предградие на либанската престолнина. Таа област е упориште на милитантните групи поддржани од Иран.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант претходно на социјалната мрежа Икс објави дека „Хезболах ја премина црвената линија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ