недела, 27 октомври 2024

Израел го осуди Фатах за договорот со Хамас

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денеска го осуди Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас за потпишувањето на договорот за повоениот период во Газа со исламистичкото движење Хамас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот за повоената операција во Газа денеска во Кина го потпишаа неколку палестински фракции, меѓу кои и Фатах на палестинскиот претседател и екстремистичкиот Хамас, против кој Израел води војна во Газа.

„Хамас и Фатах потпишаа договор во Кина за заедничка контрола на Газа по војната. Наместо да го отфрли тероризмот, Махмуд Абас ги прегрна убијците и силувачите на Хамас, откривајќи го своето вистинско лице“, рече Кац во изјавата.

„Во реалноста тоа нема да се случи бидејќи Хамас ќе биде уништен, а Абас оддалеку ќе ја гледа Газа“, додаде израелскиот министер.

Различни палестински фракции, вклучувајќи ги Хамас и Фатах, се согласија да ги прекинат поделбите и да го зајакнат националното единство со потпишување на Пекиншката декларација, објавија денеска кинеските државни медиуми. Претставници на 14 палестински фракции, вклучувајќи ги Хамас и Фатах, се собраа во Пекинг оваа недела во нов обид за помирување.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го поздрави потпишувањето на договорот од страна на 14 палестински фракции, кој предвидува формирање преодна влада на национално помирување во Појасот Газа по војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ