вторник, 22 октомври 2024

Израел бара од Русија да ја избрка делегацијата на Хамас

Израел ја повика Русија да ја протера делегацијата на палестинската исламистичка организација, кажувајќи дека поканата за посета на Москва е срамна.

Објавено на

часот

Сподели

„Хамас е терористичка организација и е полоша од Исламска држава. Рацете на високорангираните припадници на Хамас се извалкани со крвта на повеќе од 1.400 Израелци кои се заклани, убиени, егзекутирани и запалени, а одговорни се и за грабнување на повеќе од 220 Израелци, вклучувајќи бебиња, деца, жени и постари лица“, објави израелското министерство за надворешни работи.

Делегација на Хамас ја посети Москва за преговори за ослободување на странските заложници, вклучувајќи државјани на Русија, кои групата ги држи во Газа, објавија руските агенции повикувајќи се на министерството за надворешни работи. Високиот припадник на Хамас Абу Марзук е дел од делегацијата која учествува во преговорите.

„Контактите со него се одржани во рамки на руската позиција за моментално ослободување на странските заложници во Појасот Газа. Исто така се разговарало и за прашања поврзани со евакуацијата на руски и други странски државјани од територијата на палестинската енклава“, објави ТАСС.

Москва во неколку наврати за моменталната криза на Блискиот Исток ја обвини американската дипломатија и повика на примирје меѓу Израел и Хамас и продолжување на преговорите со цел наоѓање мировно решение.

Хамас објави сопствено соопштение во кое ги пофали напорите на рускиот претседател Владимир Путин и министерството за надворешни работи за прекин на „злосторствата на Израел поддржани од Западот“, пренесува РИА Новости.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ