вторник, 22 октомври 2024

Изложба на фотографии од концертите на Влатко Стефановски

Jубилејното 10. издание на фестивалот Скопје синема сити, кој успешно веќе една деценија го негува музичкиот документарен филм, и посветено работи на одржување на урбаната сцена во градот, организира голема групна изложба на фотографии од концертите на гитарскиот маестро Влатко Стефановски, на 26 јуни во Мала станица.

Објавено на

часот

Сподели

На изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица свои фотографии ќе имаат  Стефан Рајхл, Ангел Ситновски – Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде.

„The Vlatko Stefanovski Experience“, е насловена изложбата на фотографии која ќе биде отворена на 26 јуни, во Мала станица, со што ќе биде означен почетокот на 10. издание на фестивалот Скопје синема сити, во организација на здружението Номад-арт од Скопје. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотека на Македонија од 1 до 5 јули.

Првата деценија на фестивалот кој го негува музичкиот документарен филм Скопје синема сити, со групната изложба на фотографии посветени на нашиот гитарски виртуоз, се поистоветува и со 50. годишнината од почетокот на неговата кариера.

Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ