Автомобилот марка опел астра по излетувањето од булеварот, практично ја „префрлил“ жардинерата и се превртел на крајот од спротивните ленти и останал да стои покрај асфалтот свртен на покривот. Од просторот на моторот се издигаше чад. Возачот е повреден и е транспортиран со возило на итната помош.
Полицијата дојде набрзо на лице место и прави увид. Сообраќајот го регулира полицијата.
Фото: МКД.мк