петок, 18 октомври 2024

Излегоа глувци и стаорци и по некој коњ

Објавено на

часот

Сподели

И веројатно не се појавиле коњи во голем број бидејќи во Скопје тие главно се во робовска позиција и врзани. Имаат свои сопственици кои ги принудуваат на работа, најчесто на влечење запрежни коли гладни и жедни на кои покрај сопствениците, се транспортира разен отпад најден крај контејнерите.

Е сега, откако од „комуналец“ зачистија, нема многу избор на предмети за сопственикот на овој коњ, па тој го одврзал и оставил да пасе трева на меѓупросторот од булеварот Февруарски поход и паркингот на бул.Видое Смилевски Бато. 

Газдата на коњот заминал на бурек во блиската бурекџилница. Така вели сопственикот на едно паркирано југо додека се подготвуваше да трне на работа во прва смена, додека третата смена на „комуналец“ спие.

Ех, вечно Скопје!

                                                                                                                            П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ