четврток, 24 октомври 2024

Изгубеното дете кај Старата скопска чаршија најдено во стан кај негово другарче

Министерството за внатрешни работи соопшти дека детето кое денеска беше пријавено дека се изгубило на плоштадот „Скендер бег“ кај Старата скопска чаршија е пронајдено во стан кај негово другарче во истата зграда каде што живее.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска (24.12.2023) околу 16 часот е пронајден шестгодишен малолетник, кој неколку часа пред тоа беше пријавен од неговата мајка дека се изгубил на плоштадот Скендер бег во Скопје.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено кај негово другарче во стан во истата зграда каде и тоа живее, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ