вторник, 22 октомври 2024

Изгаснати се сите 11 вчерашни пожари, „живиот песок“ кај Пчиња ќе се обележи

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше 11 пожари на отворено и сите се изгаснати од пожарникарите. И вчера главно гореа депонии и ниска вегетација.
РЦУК Штип известува дека во кругот на фабриката за акумулатори во Пробиштип, при косење трева е пронајдена стара рачна бомба која веднаш, од стручна екипа е отстранета.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи информира дека местото Студена бара кај реката Пчиња, Кумановско, каде вчера беше спасен заглавен човек во кал и тиња, денеска ќе се обележи за да не дојде до повторување на ваков случај.
ЦУК, преку Секторот за операции и координација, иницира соодветно обележување на местото.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ