вторник, 16 јули 2024

Спасен кумановец од „жив песок“ на реката Пчињa

Рано утрово после неколкучасовно извлекување од длабока тиња и кал како „жив песок“, пожарникари од Куманово и лица од инта медицинска помош успешно извлекле заробен човек.

Објавено на

часот

Сподели

Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, од 4 часот, па се до 7 часот утрово беа во спасувачка акција. Итниот случај го пријавил на 112 во ЦУК риболовец, кој ги слушнал повиците за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал од реката Пчиња.
Ситуацијата била опасна, бидејќи полека, како што лицето, возрасен маж, сакало да се самоизвлече, сѐ повеќе пропаѓало на местото каде што почвата била како маскиран „жив песок“ со исушен слој најгоре, на површината од топлото време, а надолу како да немало дно.
Лицето веќе било речиси до рамења пропаднато и било снеможено. Пожарникарите успеале да го фатат со јажиња и успешно го извлекле и го пренеле до Итната медицинска помош.
Тој е веќе во болница во Куманово и е надвор од животна опасност, соопшти ЦУК.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ