петок, 18 октомври 2024

Изгаснат е пожарот на куќите во Ново Село (ВИДЕО)

Со интервенција на полицискиот хеликоптер и на триесетината пожарникари од Струмица изгаснат е пожарот во Ново Село, кој најпрво почна со запалена плевна, а потоа многу брзо се прошири на трите соседни куќи. Изгореа три плевни и две куќи,

Објавено на

часот

Сподели

Во близина на пожарот се наоѓа бензинска пумпа, па беше неопходна брза интеревенција на противпожарните служби. Причинета е голема материјална штета, но нема повредени пожарникари или жители во опожарените куќи.

Според мештаните, причина за пожарот е спој на каблите кои пренесуваат струја од бандера на бандера. Тоа и порано се случувало, велат тие.

„Дуваше ветер и искрата дојде од каблите кои поминуваат тука и веднаш заврши во мојата плевна. Ова се случува веќе трет пат. Успеав да го извадам коњот и притоа ми помогнаа мои другари. Ми изгореа околу 200 бали сено“, изјави сопственикот на една од плевните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ