четврток, 19 септември 2024

Избувна пожар кај Евзони, затворена границата помеѓу Македонија и Грција

Голем пожар изби утрово кај Евзони во Грција што е причина граничниот премин Богородица кај Гевгелија да биде затворен за сообраќај. Од македонското МВР апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин Богородица додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат, а сообраќајот е нормализиран.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот изби рано утрово, а како што јавуваат грчките медиуми на терен се голем број пожарникари.

Поради пожарот затворен е автопатот Пате од наплатната рампа Идомени кон царинската испостава Евзони.

Според rthess.gr гори трева, но во близина се наоѓаат шуми.

„На местото на настанот пожарот го гасат 22 пожарникари со 10 противпожарни возила, а од воздух делува и хеликоптер“, пренесува rthess.gr.

Од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) ја потврдија информацијата.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ