среда, 23 октомври 2024

Ивановска: Кога ја водевме ДКСК не ни требаа дипломатски пасоши

Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниту еднаш не нѐ спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел, се вели во реакцијата на поранешната директорка на Дирекцијата за спречување на корупцијата Билјана Ивановска на денешното соопштение на ДКСК.

Објавено на

часот

Сподели

„Како поранешни членови немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите.
Извештаите за работењето на претходниот состав на ДКСК, како и извештаите на Европската Комисија и другите меѓународни организации и тела, го прикажуваат, односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат. Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам.
По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина“, вели Ивановска во реакцијата објавена на нејзиниот фејсбук-профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ