петок, 18 октомври 2024

Иванов: Алкалоид е успешна македонска приказна

Објавено на

часот

Сподели

Тоа, како што рече претседателот, покажува дека државата ги негува сите можности што ги бараат странските пазари.

„Можам само да му честитам на тимот предводен од господинот Мукаетов што успева да се одржуваат тие стандарди и да се нудат производи за сите странски пазари. Посетата ја искористив сето тоа да му го презентирам и на кинескиот амбасадор, за да може да ги види потенцијалите на фармацевтската индустрија во Македонија и можностите за извоз и за трговска размена меѓу двете земји“, рече Иванов.
Директорот на „Алкалоид АД-Скопје“, Живко Мукаетов, изјави дека му било чест да покаже дека во Македонија има потенцијал за развој, напредок и уште подобри резултати.
„Разговаравме дека во овој момент ние сè уште сме во една фаза на снимање на ситуацијата таму бидејќи се работи за еден голем комплициран пазар, каде што секој град што е над еден милиони жители, а има стотина такви, има своја филозофија на функционирање и економско работење“, изјави Мукаетов.
Кинескиот амбасадор Цуи Живеи рече дека тоа што го видел денеска го импресионирало и оти ќе ги вложи сите напори за интензивирање на соработката меѓу двете земји.

„Денеска е првиот ден од кинеската Нова година. Би сакал на сите граѓани да им ја честитам Новата година“, додаде Живеи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ