понеделник, 25 ноември 2024

Италијанскиот кардинал Матео Зупи се сретнал со руската комесарка за правата на децата

Објавено на

часот

Сподели

„Разговаравме за хуманитарните прашања поврзани со воените операции и заштитата на правата на децата“, рече руската комесарка на Телеграм, придружувајќи ја нејзината порака со неколку фотографии со италијанскиот кардинал, пренесува Франс прес. Сигурна сум дека христијанската љубов и милосрдие ќе помогнат во дијалогот и меѓусебното разбирање“, додаде таа.

Посетата на Матео Зупи на Украина на почетокот на јуни не доведе до напредок во решавањето на конфликтот со Русија, но претседателот Володимир Зеленски сепак истакна дека „Светата столица може да даде ефикасен придонес“ за ослободување на воените затвореници и враќање на децата кои, според Киев, биле депортирани во Русија.

Киев проценува дека најмалку 20.000 малолетни лица се илегално однесени во Русија.

Во средината на март, Меѓународниот казнен суд издаде историска потерница за рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, сметајќи ги одговорни за „военото злосторство илегална депортација“ на овие украински малолетници.

Москва ги отфрла сите овие обвинувања, тврдејќи дека ги спасила овие деца од борбите и воспоставила процедури за повторно обединување со нивните семејства.

Предвидено е Матео Зупи да се сретне и со патријархот Кирил, поглаварот на православната црква во Русија и сојузник на претседателот Владимир Путин.

Тој, исто така, треба да присуствува на верска служба во четврток навечер во католичката катедрала во Москва, пред да се врати во Рим во петок рано попладне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ