петок, 18 октомври 2024

Италијански Титаник: Се насука прекуокеански патнички брод

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку тројца мртви е резултатот од несреќата на италијанскиот прекуокеански брод, кој пренесувал 3.200 патници. Бродот Коста Конкордиа вчера вечерта удрил во песочен насип во близина на островот Гиљо и се навалил за околу 20-тина степени. Повеќето луѓе на бродот биле спасувани со чамци, но некои од нив и пливале до брегот.
Италијанци, Германци, Французи и Британци биле патници на луксузниот брод. На него имало и екипаж од 1.000 луѓе. Хеликоптери ги спасувале последните 50-тина што не можеле да стасаат до чамците.
Поморската несреќа има три жртви, потврдува италијанската крајбрежна стража, иако италијанските медиуми јавуваа за шест до осум загинати.
Бродот Коста Конкордија во петокот тргнал од пристаништето Чивитавекија, во близина на Рим, на крстoсување по Средоземно Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ