понеделник, 28 октомври 2024

Истражување на ИЈЗ: Граѓаните на Македонија не се многу заинтересирани да се откажат од пушењето

Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, велат од Институтот за јавно здравје. Има многу мал процент на луѓе – пет проценти кои се обиделе и се откажале од пушење во последните години.

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните на Македонија се рекордери во пушењето цигари, a најмладите пушачи имаат по 13 години. Бројот на активни пушачи во Македонија изнесува 45,4 отсто, покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Како еден од најголемите и најзастапени ризик-фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушување на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања можат да се јават како последица од редовна употреба на тутун, велат од ИЈЗ.

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4 отсто, а во светот 17 отсто од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година во година возраста на која младите почнуваат да пушат се намалува. Просекот во земјава е 13 и пол години.

Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чини 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Во ЕУ вече се разгледува предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1.000 цигари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ