недела, 14 јули 2024

Историски успех, Македонија трета на Светското првенство во параглајдерство

Објавено на

часот

Сподели

Малото француско гратче, Шаму-сир-Желон е местото каде македонското параглајдерство направи историски успех качувајќи се на подиумот на Светското првенство.

Македонија настапи во состав, Мартин Јованоски, Дарко Станковски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски. По двете одржани трки освоивме 14.879 поени со што ја надминавме Чешка во последниот ден од натпреварувањето.

Првото место го освои домашната селекција на Франција со 16.100 поени, а втора заврши Велика Британија со 15.517 поени.

Ова беше 18. Светско првенство во параглајдерство, на него настапија натпреварувачи од 57 држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ