сабота, 19 октомври 2024

Историска победа: УГД Штип првпат го освои Купот на Македонија

Одбојкарскиот клуб УГД Штип во драматично финале со 3-2 (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13) ја совлада Струмица и за првпат во својата историја триумфираше во Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Завршницата од купот се играше во Штип, домашниот тим го искористи тоа и дојде до своето најголемо достигнување во историјата.

Струмица двапати водеше, но на крајот мораше да му честита на Штип.

Струмичани првиот сет го добија со 25-22, со идентични 25-22 одговори УГД Штип и израмни на 1-1.

Следуваше уште еден освоен сет на Струмица, овојпат од 25-19 со кој го вратија водството, но Штип не се предаваше, со 25-21 беше подобар во четвртиот сет и изедначи на 2-2.

Во петтиот решавачки сет Штип беше подобар со 15-13 и радоста можеше да почне.

Задмард со 26 поени беше најдобар кај Штип, Омехин во составот на Струмица беше најефикасен со 28 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ