петок, 18 октомври 2024
Одложена денешната јавна седница

Истите судии кои веќе решавале за „Монструм“ денес на седница и во Врховен суд, одбраната побара изземање

Објавено на

часот

Сподели

По ова барање, Судот, со објаснување дека нема увид во предметот којшто се однесува на двајцата судии, реши да ја одложи седницата за 14 јуни со цел да изврши увид и донесе решение.

Жалбите на петмината обвинети во случајот „Монструм“ беа одбиени како неосновани од Апелацискиот суд а првостепената пресуда беше преиначена само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите.

Второстепениот суд ги потврди казните на осудените, односно доживотен затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години.  Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. „Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година, Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство. Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ