петок, 18 октомври 2024

Истече рокот за предавање на оружјето во Србија: шкорпиони, митралези, но и парчиња од Првата и Втората светска војна

Објавено на

часот

Сподели

“Од тој број, 82.398 парчиња оружје. Тука спаѓа легалното, нелегалното и оружјето што останало во семејните домаќинства по смртта на сопствениците и 26.485 парчиња минско-експлозивни средства”, рече Отовиќ Пјановиќ за Танјуг.

Таа наведе дека се предадени и 4.243.139 парчиња муниција.

Ние како МУП задоволни сме од оваа постапка на легализација и од самиот почеток велевме дека бројките укажуваат дека овој период на легализација е поуспешен отколку што беа сите претходни постапки што се спроведуваа на територијата на Србија”, истакна Отовиќ Пјановиќ.

На прашањето што се прави со предаденото оружје, таа објасни дека МУП пред издавањето на наредбата на министерот за предавање на оружјето пропишува точна и прецизна процедура од преземањето, проверката на оружјето, транспортот и уништувањето.

„Се разбира дека сите нефункционални и неупотребливи делови, како што било и досега, ќе бидат уништени. Одредени делови, како што рековме, ќе бидат користени за изработка на оружје за припадниците на војската и полицијата. Тоа е процедура на која ќе се работи, ќе се формираат комисии, плански и онака како што треба, секое парче оружје и секој дел што е функционален ќе го искористиме”, објасни таа.

Според зборовите на Отовиќ Пјановиќ, предадени се разни оружја како митралез кој во една минута ќе испука 3.000 куршуми, 4,6 килограми експлозив, како и наполнети „золји“.

Имало многу нешта во семејните домаќинства и тоа што е загрижувачки факт е дека граѓаните, јас сакам да верувам, не биле свесни за ризиците што ги носи со себе секое парче, особено оние минско-експлозивни средства, како и дека можеле да ги загрозат членовите на своето домаќинство”, рече Отовиќ Пјановиќ.

Таа додаде дека меѓу предаденото оружје имало парчиња од Првата и од Втората светска војна.

Тука имаше шкорпиони, рачни ракетни фрлачи, многу нешта чуваа луѓето што беше небезбедно и затоа можам навистина да кажам дека сме задоволни од оваа постапка на легализација зашто придонесовме во значителна мера за зачувување на безбедноста на сите нас”, наведе таа.

На прашањето што ќе се случи со тие што поседуваат нелегално оружје по истекот на рокот за предавање, Отовиќ Пјановиќ објасни дека Кривичниот законик предвидува одговорност за секој поединец што има оружје во илегална сопственост.

“Владата на Србија по двата немили настанисо заклучок му предложи на Министерството во рамки на нацрт закон да предвиди поостри казни за секој поединец кој има оружје во нелегален посед“, кажа Отовиќ Пјановиќ.

Таа додаде дека, доколку зборуваме за оружје кое е во нелегален посед, а за кое надлежниот орган издава дозвола, во работната верзија на законот е предложено затврската казна да биде од една до осум години.

„А за сите оние поединци за кои надлежниот орган не издава дозвола, односно за автоматско оружје, минско-експлозивни средства, оружје скриено во предмети и оружје со придушувач – тука е предвидена затворска казна од две до дванаесет години, а за поголемо количество од тоа оружје од пет до петнаесет години“, кажа Отовиќ Пјановиќ.

Рокот за граѓаните на Србија да го предадат нелегалното оружје и муницијата без последици истече на 30 јуни на полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ