петок, 18 октомври 2024

Исламска држава масовно регрутира тинејџери, голем број уапсени во Европа

Речиси две третини од уапсените поврзани со исламистичката милитантна група ИСИС во Европа во изминатите девет месеци биле тинејџери, дознава Си-ен-ен.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Расте загриженоста меѓу европските безбедносни службеници пред почетокот на Олимписките игри во Париз поради зголемената моќ на Исламската држава на Запад и нејзиниот огранок ИСИС-К.

Академска студија за 27 напади поврзани со ИСИС или прекинати напади од октомври, покажа дека од 58 осомничени, 38 биле на возраст меѓу 13 и 19 години. Последните податоци на Европол покажуваат дека „бројот на напади и планирани напади е зголемен за повеќе од четири пати“ од 2022 година.

Очигледниот пораст во регрутирањето млади радикали за извршување на терористички дела доаѓа во момент кога европските безбедносни претставници изразуваат загриженост за можното повторно појавување на организирани терористички напади. Летните олимписки игри во Париз, кои почнуваат денеска, беа особено загрозени од ИСИС-К, Исламската држава во Хорасан, активен огранок на ИСИС со потекло од Централна Азија.

Групата изгради огромно присуство во Турција во текот на изминатите три години, според судските документи и аналитичарите. Според турската разузнавачка агенција МИТ, само во 2023 година во 122 операции биле уапсени 426 осомничени од ИСИС-К.

„Групите како ИСИС-К конкретно ги таргетираат младите тинејџери“, вели Питер Нојман од безбедносните студии во Лондон. „Можеби не се многу корисни. Можеби ќе се премислат, но се најмалку сомнителни. Кој би сметал 13-годишник за терорист? Доволно е еден“, објаснува Нојман.

Нојман додаде дека тинејџерите се регрутираат преку платформи за социјални медиуми, како што е ТикТок, одвлечени преку алгоритми каде џихадистичките регрутери можат да ги придобијат.

„ИСИС-К сега е далеку најамбициозниот и најагресивниот дел на ИСИС“, рече тој, додавајќи дека тоа значи дека групата може да планира поголеми, посложени напади со повеќе терористи.

Портпаролот на ТикТок за Си-ен-ен изјави: „Ние стоиме цврсто против насилниот екстремизам и отстрануваме 98% од содржините за кои е утврдено дека ги прекршуваат нашите политики за промовирање тероризам пред да ни бидат пријавени“.

Од 27 заговори или планирани напади што ги испита Нојман, два видно вклучувале тинејџери чија цел биле Олимписките игри оваа лето.

Кон крајот на мај, француските обвинители обвинија 18-годишник со чеченско потекло за „терористичко злосторничко здружување“, насочено кон гледачите во градот Сент Етјен за време на Олимписките игри, според Лиза Жаулин, портпаролка на обвинителите за борба против тероризмот.

Околу две недели претходно, двајца мажи на возраст од 15 и 18 години беа уапсени во североисточна и јужна Франција поради планирање терористички напад. Во април, се додава, 16-годишник од департманот Горна Савоја во југоисточна Франција беше уапсен поради наводно истражување како да направи појас со експлозив и да умре како маченик на ИСИС, со веројатна цел Олимписките игри, се вели во соопштението.

Поради сето горенаведено, нивото на безбедносна подготвеност во Париз е на највисоко можно ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ