недела, 20 октомври 2024

Иран: Работиме на единство на исламскиот свет

Објавено на

часот

Сподели

Иран, земја со шиитско мнозинство, и Саудиска Арабија, со сунитско мнозинство, со децении се во напнати односи и на спротивните страни во регионалните конфликти.

Амир Абдолахијан и шефот на саудиската дипломатија Фајсал бен Фархане се сретнаа вчера во салата Исламска солидарност, што шефот на иранската дипломатија го нарече „вовед за средба на претседателите на двете држави“, но не кажа кога претседателот Ебрахим Раиси ќе ја посети Саудиска Арабија на покана на кралот Салман.

„Сигурни сме дека овие средби и соработката ќе придонесат на единство на исламскиот свет“, истакна иранскиот функционер.

Хосеин Амир Абдолахијан ја повтори поддршката на Исламска Република Иран на палестинската кауза, а Фејсал бен Фархане го потврди продолжување на работата на саудиската амбасада во Техеран, оценувајќи ја како „нова етапа во развојот на врските на двете држави“.

Техеран и Ријад ги прекинаа дипломатските врски во 2016 година по нападот на демонстрантите на саудиските дипломатски претставништва во Иран, како одговори на саудиската одлука да погуби еден влијателен шиитски лидер.

По долги преговори, на кои посредуваше Ирак, двете сопернички сили се согласија на обнова на дипломатските врски во рамки на договорот потпишан во март под кинеско покровителство.

Дипломатското затоплување разбуди надеж за регионално помирување, во момент кога Саудиска Арабија се обидува да се извлече од војната во Јемен во која интервенираше во 2015 година на страна на провладините сили во судирот со хутите, бунтовници блиски до Иран.

Токму влијателната Саудиска Арабија овозможи враќање на сирискиот претседател Башар ал Асад во Арапската лига. Сирија беше исклучена од панарапската организација во 2011 откако властите крваво ги задушија антивладините протести кои потоа прераснаа во граѓанска војна.

Но, саудиско-иранските врски остануваат сложени, пред сè поради спорот за поле со природен гас на кое право полагаат двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ