петок, 18 октомври 2024

Иран поставува камери на јавните места за да ги идентификува жените без хиџаб

Објавено на

часот

Сподели

Целта на таквата мерка, се наведува во соопштението, е „спречување на отпорот кон законот за хиџаб“.

Како што пренесуваат локалните медиуми, во соопштението се додава дека таквиот отпор го валка имиџот на земјата и шири несигурност.

Откако ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат СМС пораки на „предупредување за последиците“, се наведува понатаму во соопштението на полицијата.

Сè поголем број Иранки го отфрлаат хиџабот по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на „полицијата за морал“ во септември минатата година.

Ризикувајќи да бидат уапсени, жените често не носат хицаб во јавност, а снимките од откриени жени кои ѝ пркосат на моралната полиција ги преплавија социјалните мрежи.

Махса Амини беше приведена поради наводно кршење на правилата за хиџаб, по што следеа протести низ земјата, кои силите за безбедност насилно ги задушија.

Според иранскиот исламски шеријатски закон, наметнат по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покријат косата и носат долга, широка облека за да го прикријат телото.

Сите жени кои тоа ќе го прекршат, се соочуваат со јавен прекор, парична казна или апсење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ