„Иран категорично отфрла каква било вмешаност во неодамнешниот вооружен напад врз Трамп и наводите за иранска намера за таква акција“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.
Портпаролот Канани додаде дека Иран ќе поднесе тужба против Трамп „поради директна вмешаност“ во убиството на генералот Касем Сулејмани.
Сулејмани беше командант на силите Кудс на иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда и беше убиен во напад со беспилотно летало во Багдад во јануари 2020 година.
Пред атентатот врз Доналд Трамп на предизборниот митинг во саботата, се појавија информации дека Иран планира да го убие. Меѓутоа, американските власти тврдат дека атентатот и наводните ирански закани не се поврзани.
Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, вчера ги оцени обвинувањата против Техеран како „неосновани“ и „политички мотивирани“.